Лејди Гага важи за една од најпопуларните пејачки во светот, а нејзина голема поддршка е нејзината мајка Синтија. Пејачката објави заедничка фотографија со неа на социјалните мрежи, а имаше и причина за тоа – грижа за менталното здравје.
Гага, заедно со Синтија, објавија книга наречена Chanell Kindess, која се состои од приказни на обожавателите кои поп-ѕвездата ги собираше изминатите години. Нејзината идеја е во книгата да укаже на важноста на толеранцијата, емпатијата и пристојноста.
Синтија Германота е родена во 1954 година, а во 2012 година, заедно со нејзината ќерка Лејди Гага, формираше непрофитна организација наречена Born This Way Foundation, која се фокусира на инспирирање на млади луѓе, спречување на врсничко насилство и на други сфери на општеството.
Синтија е амбасадор на Светската здравствена организација за ментално здравје.
https://www.instagram.com/p/CFcd4gps2vO/?utm_source=ig_web_copy_link