Гаговски: Наставниците треба да се добро платени, но што се подготвени да ни испорачаат како услуга?!

од Vladimir Zorba
177 прегледи

„Немам никаков сомнеж дека наставниците треба да се високо ценети членови на секоја заедница и следствено, добро платени – барем над просекот на општеството. АМА, ајде да видиме што се подготвени да ни испорачаат како услуга нашите наставници?!?“, прашува поранешниот директор на Мајкрософт во Македонија, Илијанчо Гаговски.

Тој презентираше и инфографици на кои се гледаат резултатите од PISA тестовите, спроведени во 2015 и 2018 година, кои ги спроведува OECD и тие имаат за цел да го измерат знаењето на 15-годишниците по математика, писменост и природни науки.

Во 2015 сме 69-ти од 72 земји кои учествувале во тестирањето. Во 2018 сме 67-ми од 77 земји.

„Сакате повисоки плати, драги наставници? Може, секако дека може. PISA тестирањето се прави на 3 години – за секое место нагоре на листата, бујрум 2% зголемување на платата. Нека се пласираат нашиве деца 5 места погоре, како Босна, ете ви 10%. За 13 места погоре, како Бугарија, ете ви 26%. За 22 места погоре, како Србија, и ете ви 44% зголемување на платата!Веќе ги слушам мрчаторите… „Ама Pisa е само еден вид на тестирање, и само за 15 годишници…“ – ОК, предложете и други, ова е за пример…. „Е како сега од учениците да ни зависи платата?!?“ – а од што да ви зависи? Сигурно не од бројот на сончеви денови во годината…“, истакнува Гаговски.

Додава дека е за зголемување на платите за наставниците, ама не без испорачани резултати!