Aктерката Гал Гадот (39), најпозната по улогата на Wonder Woman, ги одбројуваше деновите до раѓањето на четвртото дете со сопругот Јарон Варсан во февруари минатата година, кога почна да страда од страшни главоболки. По подетални тестови, и беше дијагностицирана церебрална венска тромбоза, ретка состојба која предизвикува само 3% од сите мозочни удари во светот.
За овој тежок период Гадот проговори на крајот на декември на Инстаграм, а дополнителни детали откри при гостувањето во шоуто на Џими Фалон каде дојде да го промовира својот нов филм „Снежана“ кој наскоро доаѓа во кината.
Актерката откри како советите на нејзината мајка биле пресудни за поставување на дијагнозата која и го спасила животот. „Бев многу исплашена. Одеднаш го разбрав вистинското значење на зборот – во смртен страв“, призна Гадот.
Таа додаде дека е бремена со нејзината ќерка Ори, која минатата недела наполни една година, и нагласи дека зборува за сето ова бидејќи смета дека е „многу важно“. „Ако некој некаде во светот наиде на истиот проблем, ако ја слушне мојата приказна, ќе знае дека треба да се провери“, рече Гал Гадот и продолжи, шегувајќи се за себе: „Имав згрутчување на крвта во мозокот и тоа огромно. Всушност, три. Имав три згрутчувања. Кога правам нешто, го правам до крај“.
Таа рече дека сè започнало со „тешки главоболки кои траеле три недели“. Посетила бројни лекари и невролози и ја истакнала важноста да се грижи за сопственото здравје. „Нашите тела секогаш ни кажуваат нешто. Треба само да слушаме и да одиме на преглед. Подобро е да одиш и да се провериш отколку да не одиш воопшто“.
Лекарите и рекле дека главоболките најверојатно се мигрена предизвикана од хормони, но по три недели нејзината мајка инсистирала да оди на магнетна резонанца.
„После три недели од овие луди главоболки, мајка ми ми рече: „Треба веднаш да се провериш. Оди на магнетна резонанца“, рекла актерката. По магнетна резонанца, тие ја открија „оваа ужасна работа и итно ја однеле во болница и веднаш го извадија бебето“.
„Имав тромбектомија. Го имав најдобриот тим на лекари. Тие се грижеа за мене во болницата „Седарс-Синај“. Ми го спасија животот. Мара, Др. Сонг и Мајкл Александар. Ви благодарам многу што ми го спаси животот. Само сакам да кажам – сакајте се, проверете се и бидете одговорни за вашето здравје“.
Актерката и Варсан ги имаат и 13-годишните ќерки Алма, осумгодишната Маја и тригодишната Даниела, кои не беа воодушевени што нивната мајка ќе ја игра Злобната кралица во „Снежана“.