„Љубовна елегија“ е гала концертот на младиот уметник Вејчеслав Поповски што ќе се одржи на 14 април во Македонската опера и балет.

На концертот ќе бидат изведени едни од најстарите македонски народни песни: „Калеш Анѓа“, „Бор садила мома Евгенија“, „Билјана платно белеше“, „Саноќ седам Трено“, „Кажи, кажи, либе Стано“. Аранжманот е на Вејчеслав Поповски, кој ќе настапи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.
Вејчеслав Поповски има 17 години и досега има настапувано на фестивалите во Македонија и во странство.