24
Играчот од средниот ред на Челси и Англија, Конор Галагер е се поблиску до преселба во Атлетико Мадрид. Според Фабрицио Романо, двата клуба веќе водат многу конкретни преговори за трансфер вреден меѓу 35 и 40 милиони евра со бонуси. Тоа е сумата што ја сака англискиот клуб, бидејќи Галагер сега влезе во последната година од договорот со лондончани.
И покрај тоа што имаше многу добра сезона и често ја носеше капитенската лента, Галагер беше ставен на продажба бидејќи трансферната сума што ќе ја добие клубот ќе претставува чиста добивка – играчот од средниот ред е производ на академијата на Челси.
За Галагер беа заинтересирани и Астон Вила и Тотенхем, но се чини дека Атлетико ќе ја добие битката за него.