Додека сите погледи на обожавателите на Samsung се вперени во Galaxy Note 10, закажан за
објавување за една недела, корејската компанија активно работи на уште еден проект, за кој
неодамна се дозна.
Водечкиот светски производител на паметни телефони може да ја врати на пазарот линијата Galaxy
Active со сосема нов модел. Според публикациите на Интернет, уредот ќе се појави на сцената
наскоро – на 9 август.
Наречен Galaxy Active, овој цврст телефон на Samsung нема да се заснова на новите модели на
Galaxy S, туку ќе преземе некои од техничките одлики од претходните верзии на линијата
смартфони.
Предвидено е уредот да има конфигурација на камерата како онаа на Galaxy S9 (селфи со 8
мегапиксели и 12,2-мегапикселна главна камера). Екранот ќе биде 5,2 инчи, со физички копчиња на
дното. Новиот паметен телефон ќе се потпира на процесор Exynos 9610 и оперативниот систем
Android 8.1.