Проблемите со прегревањето на Galaxy Note 7 останаа во историјата, но сега Samsung се соочи со
уште еден случај од иста природа.

Сопственик на Galaxy S10 5G во Република Кореја се пожали дека неговиот нов паметен телефон се
самозапалил. Според сопственикот, уредот бил на маса, и без никакво навестување, од него почнал
да излегува чад и почнало да мириса на изгорено.
Човекот се обидел да го земе телефонот, но бил премногу жежок и го фрлил на земја.
Samsung е убеден дека инцидентот е предизвикан од надворешно влијание и нема врска со
дизајнот и компонентите на паметниот телефон. Корејскиот гигант е убеден дека сè со изгорениот
Galaxy S10 5G е во ред и тие немаат никаква одговорност за настаните.
Оваа теза е потврдена и со фактот дека барем досега не се познати такви случаи.