(ГАЛЕРИИ) Во Дубаи отворена првата зграда, создадена со помош на 3D печатач

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Заоблена канцеларија, градбата е изградена за 17 дена и чини 140.000 долари.

2111087539 (1)

Во Дубаи денеска беше отворена првата во светот деловна зграда, создадена преку 3D печатење, пренесе Ројтерс.

Проектот е дел од напорите на блискоисточната земја да се етаблира како туристички и бизнис центар, да развие технологија која ги намалува трошоците и заштедува време.

2111087536

3D Принтери се користат во индустрискто производство, како за создавање на помали, дигитално дизајнирани тродимензионални предмети од пластика, но ретко кај згради.

Во случаи е употребена цементна мешавина, која според дубајската влада, тестови за сигурност беа спроведени во Велика Британија и Кина.

2111087537

За создавањето на еднокатнат зграда прототип со површина од околу 250 квадратни метри е користен печатач со димензии 6х36,5х12 метри, посочуваат властите.
Заобленат зграда е изградена за 17 дена и чини 140.000 долари.

Во неа привремено ќе биде сместеноа седиштето на фондацијата (Dubai Future), која стои зад проектот. Според претставник на дубајското влада технологијата може да го намали рокот за изградба со 50-70%, а цената на трудот – со 50-80%.

2111087538

Дубаи планира до 2030 година 25% од зградите да се создадени преку 3D печатење.