Се појави првиот во светот календар посветен на огнениот сексапил, но на машкиот, а не на женскиот!
Креаторите на календарот за 2017-та “Red Hot Exposed” претставуваат сесија со 12 голи мажи-модели, од кои сите од раѓање црвенокоси.
Еротските и малку непристојни слики се снимени на темна заднина. Дел од атлетските модели се со толку мускулести тела што личат повеќе на ѕвезди од големиот спорт.
Календарот е дело на лондонскиот фотограф Томас Најтс и на дизајнерот Елиот Џејмс Фриз кој е од Кардиф, Велс.
Тие велат дека целта им била да покажат дека кожата со пеги и црвената коса се убави и не треба да бидат обработени со фотошоп.
Календарот ќе биде пуштен во продажба на меѓународен план, во многу голем тираж, а парите (приходите) од него ќе одат главно за добротворни цели.
Видете ги фотографиите од нестандардниот календар во галеријата.