Бела Адид во моментов е една од најактуелните убавици во светот. Помалата сестра на Џиџи дебитираше пред неколку дена во модна ревија на Victoria’s Secret, претворајќи се во еден од ангелите на брендот за долна облека.
20-годишната Бела ќе ја заврши годината доста успешно во однос на кариерата, појавувајќи се во божиќниот календар на списанието LOVE.
За фотосесијата мис Адид глуми секси инструкторка по аеробик од 80-тите години, во стил Џејн Фонда.
Синооката бринета покажува како една жена може да изгледа супер секси дури и за време на тренингот.
Убавицата носи откроени трикоа во светли бои, и е нашминкана со сенка за очи во сјајни бои, токму каква што беше модата во 80-тите.
Кадрите и видеото од мејкингот се дело на Ранкин.
Видете ги сликите на Бела за календарот во галеријата.