(ГАЛЕРИЈА) Бијонсе јавно ги покажа близнаците – ги однесе на одмор во Мајами 

од desk4
104 прегледи

Близнаците на Бијонсе и Џеј Зи, кои се родени во јуни, за прв пат се претставени јавно. Петмесечниот Руми и Сер се со својата мајка на семеен одмор во Мајами.

Сликите покажуваат како гордата мајка – Бијонсе – го држи Сер, кој носи бело костумче додека Руми е облечен во црни панталони и розова блуза.

Во косата на малата ќерка на Џеј Зи и на Бијонсе има и панделка.

Нивната 36-годишна мајка изгледа среќна и спокојна.

Блу Ајви, постарата ќерка на RnB дивата, исто така е присутна, како и Џеј Зи и среќната баба Тина Ноулс. Ова е прв пат кога Бијонсе е заедно со целото семејство.

Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс неодамна ги сподели информациите за тоа како семејството се справува околу близнаците.

Тие се неверојатни, убави и здрави и сум среќен, вели гордата баба. Таа додава дека Блу Ајви, исто така, е задоволна и среќна.