(ГАЛЕРИЈА) Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за првпат во јавност со двете ангелски дечиња

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли ги чуваа своите ќерки многу добро скриени од светлата на камерите некое време, но сега тоа се промени. Гордите родители ги донесоа своите мали девојчиња, Џејмс, која ќе полни две години денеска, и нејзината новородена сестричка (чие име се уште не е откриено) на Холивудскиот булевар на славните, каде што Рајан доби своја ѕвезда.

Како што и беше очекувано, децата на двајца толку генетски благословени се неверојатно слатки.

И како да бебињата не беа доволно слатки, Рејнолдс исто така даде мила изјава за неговата сопруга:

“Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга, Блејк, која седи тука во моментов, и е сè за мене. Ти си најдоброто нешто кое ми се случило некогаш. Ти правиш сè да биде подобро. Ти ми правиш сè во мојот живот да е поубаво. Ми ги даде двете најневеројатни деца за кои некогаш сум се надевал“.