(ГАЛЕРИЈА) Бремената Бијонсе како гола Богородица: Се гордеам со телото

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Набргу откако објави дека чека близнаци, Бијонсе учествуваше во смела фотосесија, а сликите американската ѕвезда ги објави во Instagram. Поп дивата изјави дека се гордее со своето тело.

Токму во социјалната мрежа за прв пат пејачката ја откри веста за нејзината бременост. Тогаш таа објави една своја слика, која стана најпопуларната фотографија во Instagram и доби повеќе од 7,8 милиони допаѓања.

За фотосесијата Бијонсе ја симна својата облека и влезе во ликот на Богородица, пишува Daily Mail. На еден од кадрите се гледа како таа е со 5-годишната ќерка од нејзиниот сопруг Џеј Зи – Блу Ајви Картер.

На други кадри, пак, таа имитира позната поза на божицата Афродита.

Бијонсе и Џеј Зи се венчаа во април 2008 година во Њујорк. На 8 јануари 2012 година се роди нивната ќерка.

Видете ја голата Бијонсе во галеријата.