(ГАЛЕРИЈА) Бремената Џенет Џексон се појави облечена во бурка

од desk2
99 прегледи

За прв пат откако таа изјави дека го чека првото дете, пејачката Џенет Џексон (49) се прошета во Лондон. За време на прошетката таа се држеше за раце со својот сопруг Висам Ал Мана (41), и беше облечена во црна широка облека и со покривка на главата каква што носат муслиманските жени.

39a0f7f400000578-3864354-image-a-131_1477229833480

Нејзиниот сопруг е роден во Доха, Катар. Џенет е во брак со милијардерот Висам од 2012та година, и, наводно, наскоро ќе се пресели со него во Катар.

Досега не беше познато дали таа го прифатила исламот, затоа што таа не зборуваше во јавноста, но наводно таа го направила тоа пред нејзиниот брак. Ова е нејзин трет брак.

39a0f56700000578-3864354-image-m-165_1477232854461

Сестрата на покојниот пејач Мајкл Џексон, поради бременоста ја откажа светската турнеја која требаше да се одржи оваа година.

39a600cb00000578-3864354-there_s_no_chance_of_a_wardrobe_malfunction_in_this_outfit-a-2_1477262093203