Јадењето во авионот не е најнезаборавниот дел од летот во принцип. Од друга страна, сепак, вечерата во овој авион тешко дека би можеле да го заборавиме.
Во Индија, приземјен Ербас А320 е претворен во луксузен вегетаријански ресторан, пекара и кафуле.
Авионот ја спроведува делумно својата функција и ги транспортира посетителите до различни кулинарски патувања.
Потребна била година патнички авион, кој претходно припаѓал на Ер Индија, да се претвори во ресторан, повторно да се проектира неговиот корпус и да се задржи голем дел од оригиналната електрична инсталација.
Посетителите на екстравагантниот ресторан не треба да се загрижени за својот комфор, бидејќи во него има место за 73 гости, кои ќе бидат сместени на удобни клупи и дивани. Во дополнителна сала може да се сместат уште 40 гости, како и сите посетители имаат можност да избираат од вегетаријанско мени.
Креаторите на ресторанот појаснуваат дека целта им била да го задржат оригиналниот изглед на патничкиот авион, вклучувајќи и мноштвото кабли. Поради оваа причина се ангажирани искусни инженери и работници кои вршат одржување на авиони.
Може да разгледате слики на нестандардниот ресторан во нашата галерија .