Многу честа појава во модата е инспирацијата од музичката индустрија.
Како и во секоја сфера, песните исто спаѓаат во различни жанрови кои се карактеризираат и со соодветните комбинации со облека.
Најпрепознатливите обележја на рок културата се имплементирани во новата колекција на долна облека на L’Agent на Agent Provocateur .
Рекламната кампања презентира модели облечени во чипкани сетови од градник и гаќи, дополнети со карактеристични за рокот додатоци – кожна јакна, кожени чизми, ремени, нитни и мрежи.
Контрастот е во нежни ткаенини со транспарентни елементи и везови од чипка на позадината на ѕидови во графити, дрвени клупи и атмосфера како од зад сцената.
Инспирацијата од 80-тите години во изгледот се дополнува со кадрави коси и очи во темна шминка.
Сите кадри од рекламната кампања можете да ги видите во нашата галерија.