(ГАЛЕРИЈА) Девојката на Леонардо Дикаприо ја покажа нејзината фантастична фигура во боксерскиот ринг

од desk2
176 прегледи

Нејзината неверојатна фигура и помогна да го постигне статусот на светски познат модел и да го освои срцето на Леонардо Дикаприо, но телото на Нина Агдал е резултат на многу напорна работа и решителност.

3990ba7f00000578-3857392-image-m-15_1477004016900

24 годишната убавица покажа како ги одржува нејзините стомачни мускули кога влезе во боксерскиот ринг за да го промовира новиот протеински шејк “Muscle Milk”. Нина изгледаше фантастично во црно бели спортски градник и хеланки, нејзината руса коса беше фатена на назад, а минималната шминка и ја изразуваше природната убавинa.

3990baa300000578-3857392-image-m-24_1477004383498

Нина тврди дека нејзината прекрасна фигура едноставно се должи на здрава исхрана и многу вежбање.

3990ba9f00000578-3857392-image-m-22_1477004348237

Данската убавица која учествуваше на фотосесии за “Victoria’s Secret”, се прослави со рекламата на “Carl’s Junior” во 2013та година, а 1 година потоа ја красеше насловната страница на списанието “Sports Illustrated”.

ii

Нина во последните неколку месеци исто така се појавуваше на насловните страници заради нејзината врска со познатиот актер Лео Дикаприо, со кого започна да излегува во мај. Иако минатата година, таа имаше мала улога во филмот “Entourage”, таа инсистира дека се фокусира само на језината кариера како модел.