Џастин Тимберлејк и ѕвездената сопруга, моделот Џесика Биел, неодамна купија суперлуксозно живеалиште во централниот кварт Манхатан во Њујорк. Носителот на 10 награди “Греми” платил 20 милиони долари за двокатниот пентхаус во стара градба. Музичарот дури си издејствувал попуст во износ од 7 милиони, соопшти Variety.com.
Предметниот богаташки станбен блок, во кој Тимберлејк ќе живее, всушност е реновирана индустриска зграда од XIX век. Пред да падне во рацете на градежната компанија која ја освежи во неа е сместена производствена работилница. Градбата е прогласена за споменик на американската култура. Поради тоа нејзината фасада е реставрирана целосно. Освен екстериерот, автентичните керамички плочи низ зградата исто така се задржани.
Новата придобивка на музичарот, чие богатство се проценува на 230 милиони долари, располага со 500 метри станбена површина. Огромниот пентхаус вклучува 4 спални, 7 бањи, комбиниран салон со кујна и трпезарија, огромна дневна соба, затворен базен и неколку тераси. Имотот вклучува и паркинг во луксузнa подземна гаража.
Во 2014 година градежната фирма “Cantor Pecorella” го завршува својот проект за трансформирање на производствената градба во луксузна индустриска станбена зграда. Во тоа време цената на пентхаусот купен пред неколку дена од Џастин, била 27 милиони долари. Сумата се задржала истата за последните 3 години. Но и покрај тоа, нејасно е како, Тимберлејк успеал да одземе 7 милиони долари од неа.
Во реновираната зграда има уште еден пентхаус, кој е прогласен за продажба. Таа располага со 800 метри станбена површина и чини 55 милиони долари.
Луксузната зграда, во која е сместен новиот дом на музичарот, ги нуди следниве задоволства на своите жители: забавиште за деца, фитнес центар со спа зона, убав покрив, ресторан и послуга во соба, чување на лични предмети, деноноќен прехрамбен магазин, деноноќна стража, пиколо и винарска визба.
Истражете го новиот дом на Џастин Тимберлејк во нашата галерија.