Tие двајцата го делеа центарот на вниманието како една од најпознатите двојки во светот, кога се појавија на модната ревија на “Givenchy” на модната недела во Париз.
Таа ретко кога не дефилира на пистата, па така, Џиџи Адид реши да ја помине слободната вечер со нејзиното момче Зејн Малик и тие двајва јавно да си ја истакнат својата љубов пред камерите.
Дуото беше таму за поддршка на нејзината најдобра другарка, манекенката Кендал Џенер, која конечно се појави на пистата, откако нејзиното отсуство беше забележано изминатава недела.
Парот беше облечен беспрекорно стилски како и секогаш. Тие двајца имаа очи само еден за друг и беа неразделни во текот на вечерта.