Магнетниот топмодел Џиџи Адид позира во новиот број на списанието Allure пред објективот на модниот фотограф Патрик Демаршелие.
21-годишната убавица вели дека обожава кога дечко ѝ Зејн Малик ѝ пее, свири на гитара, а е топлес: “Тоа е супер глетка. Никогаш нема да се пожалам од нешто слично “, вели русокосата.
Таа коментираше и тоа што многу сака да им докаже на луѓето дека е добар човек, освен очигледното дека е убавица: “Секогаш сакам да им покажувам на луѓето дека сум добар човек. Многу луѓе не сфаќаат дека има разлика како човек е виден. Моќта на нивната дискреција може да ми испраќа негативна или позитивна енергија. “
Адид има 3 милиони следбеници на Twitter, 25 милиони во Instagram и уште милиони во Snapchat. Таа вели дека смета дека славата во социјалните медиуми се должи на нешто специфично. Токму на тоа дека не треба некоја посебна стратегија која ќе ѝ донесе успех, туку дека споделува се сосема природно, како што се чувствува.
Видете ги сликите на Џиџи за изданието во галеријата.