(ГАЛЕРИЈА) Џони Деп продава француско селце за 55,5 милиони долари

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Џони Деп го продава приватното селце. На имотот на славниот актер од “Пиратите од Карибите” се наоѓа во француската област Ле План де ла-Тур, лоцирана во југоисточна Франција. dddcf99c73a73c00bad7f6bc18d564ea

Во почетокот имотот бил огласен за 26 милиони долари, но цената му скокнала двојно. Неверојатното селце, кое е во стил од серијата “Ало, ало”, чини денес 55,5 милиони долари. Пред да се разведат со Ванеса Паради, двајцата со Џони поминале доста време тука.

Целата површина изнесува 150 декари шуми, ливади и вистинска природна убавина. Десетина згради во селцето на Џони се автентични градби од XIX век. За 14-те години откако ги поседува, тој потрошил над 14 милиони долари за реставрација и зачувување. Една мала подробност е дека приватната населба се наоѓа на во близина на одморалиштето Сен Тропе.

Главната зграда, во која е сместена резиденцијата, располага со 400 метри  станбена површина. Внатре има 5 спални, 4 бањи, кујна и дневна соба. Вкупниот капацитет на останатите згради е 12 спални, 12 бањи и близу 1.000 квадратни метри.

Селцето си има сопствена католичка црква со камбанарија, но хуморот на Џони Деп ја претворил во куќа за гости. Исповедалницата е преобразена во плакар за метли, не е ли поетски? Капетан Спероу лично се ангажирал со внатрешниот и надворешниот дизајн на приватната  “Тортуга”.

Плоштадот на селцето е подготвен за разгледница. Има дури и таверна, што вклучува и винарска визба, декориранa тематски во однос на декорот во “Пиратите од Карибите” – “Јо-хеј и шише рум!”.
Постојат  гласини дека Џони Деп сака да го инвестира износот од француското селце, за слично купување  во Велика Британија. А, се гледа дека ѕвездата ја бива за дизајнер.

Истражете го француското село и додатоците во нашата галерија.