(ГАЛЕРИЈА) Диор со прва линија накит за деца

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Стилот дефинитивно е нешто со кое се раѓаш и го поседуваш од најрана детска возраст.

Инспирација од овој концепт добиваме по официјалното прогласување на првата детска линија Накит Dior.

Невидените производи се своевидна преродба на омилените мотиви на  Диор – мини момина солза, рози и нежни ѕвезди.

Тие ја карактеризираат целата колекција и се издвојуваат како водечки форми во накитот за најмалите.

Накитот во култниот луксузен дух на модната куќа е изработен целосно од чисто злато или сребро.

Меѓу предлозите на Dior се откриваат ѓердани и нараквици кои дефинитивно импресионираат со својата нежност и изработка.

Дебитантската колекција се јавува како лесен начин да создадеме синхронизиран тип “мама и јас”, а вие можете да ја разгледате подетално во нашата галерија.