Ако живеете во мал, но топол дом, можете да го направите мултифункционален, вадejќи дел од мебелот на платформа. Така оптички ќе го поделите просторот на зони.
На платформата можете да ставите кревет, биро и дури кујната, па да искористите најмногу од вашите квадратни метри, додавајќи функција на секој сантиметар од просторот.
Платформите во внатрешноста се погодни за две работи – за чување и за поделба на просторот. Во едниот случај под подиумот може да има фиоки, сандак, па дури и гардероба, а во другиот случај можете да ја користите платформата како друга просторија. На пример, да се стави врз неа спална соба во некој агол од дневната.
Подиумите се исклучително погодни за вовлекување под нив на кревет. На повисоко ниво исто така можете да си направите домашна канцеларија, плакари или арт студио.
Издигнатото ниво е одлично визуелно решение и за големите дневни соби, во случај да сакате да нагласите одредена површина и / или да ја обликувате поинаку од остатокот на ентериерот, за да се претвори во нешто како соба во собата.
Погледнете некои од најинтересните внатрешни решенија, поставени врз платформа, во галеријата.