Додатоците секогаш биле огромен дел од модната индустрија од неколку причини: тие се практични, убави и овозможуваат на своевиден начин да ја изразиме својата индивидуалност.
Покрај сите овие предности, треба да го додадеме и фактот дека практичноста е водечка – едни убави обетки можат да се комбинираат со многу различни модели.
Денес ќе ви ја претставиме Саша Диес – жената која стои зад едни од најубавите додатоци кои ги материјализираат трендовите за 2017.
Производите се карактеризираат со крајности во секој поглед – од формите до материјалите од кои се изработени.
Минималистички нараквици, обетки и ѓердани дрско контрираат со масивните производи, опсипани со блескави ефекти.
Особено ефектни се обетките слични на огномет, решени во златни или сребрени нијанси.
Додатоците за уши со бисери се јавуваат како вистинска симбиоза меѓу класиката и модернизмот.
Најубавите производи можете да ги разгледате подетално во нашата галерија.
Фото: Saskia Diez