(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во куќата на Алиша Кис

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Алиша Кис и сопругот Суиз Бијтц одлучија да се разделат со зградата во Њу Џерси, која пред две години ја купија од комичарот Еди Марфи.34b8f65e9f363c3519dad55811d89b66

Поп-ѕвездата и нејзиниот маж бараат 14,9 милиони долари за нивната убава куќа која има осум спални.

Пејачката на хитот “Girl On Fire” и хип-хоп пејачот се здобија со имотот во 2013 и му направија ремонт, па дури изградија и цело едно крило за нивната огромна колекција на уметнички дела.

Според сајтот Zillow.com имотот располага со пространа трпезарија, кино, затворен базен, куглана, професионално студио, фитнес, гаража за пет автомобили и два лифта.

Алиша и Суиз имаат два сина – бебето Џенезис што се роди во декември минатата година, и поголем син, кој се вика Иџипт. Освен тоа Бијтц има син од претходната врска, кој пак се вика Касем.

Разгледајте фотографии од зградата на пејачката и мажот  во галеријата.