Швајцарски уметник поминува многу време во обид да ги спои човечките тела со животната средина. Тоа е континуиран и тешко процес во кој рачно се мешаат бои, следува 8-часовна подготовка, а моделите се изложуваат чисто голи на природната средина, вклучувајќи и на жешкото сонце во пустината.
Напорната работа на швајцарскиот уметник Филипо Иоко дефинитивно се исплати, бидејќи голите фигури во прекрасните пејсажни слики се спојуваат со леснотија во околната средина.
За да ја создаде својата уметност, уметникот патува низ целиот свет, вклучувајќи ги Порторико, Италија и Калифорнија. Тој поминува часови во подготовки за секоја слика, а користи за уметноста бои на водена основа, сурови пигменти, глина, нечистотија и храна.
На една слика жена лежи на грбот на карпите во пустината. Телото ѝ е нацртано во земјеста боја окер, за да се спои со карпите наоколу. Сепак телото ѝ е свиткано и таа е лесно забележлива.
Некои од фотографиите на Филипо се доста успешни, а во една од нив, моделот е насликан во иста боја како дрвото, до кое се потпрел, и е речиси незабележлив.
Сликите на швајцарскиот уметник може да ги разгледате во нашата галерија.