(ГАЛЕРИЈА) Ешли Греам раскошни облини во откроени костими за капење

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Ешли Греам втор пат ги покажува своите облини во минијатурни бикини во новиот број на каталогот за костими за капење Sports Illustrated.

28-годишната убавица позира на плажа во Фиџи и низ улиците на Сан Хуан во Порторико, за да ја поддржи кампањата на изданието “Костими за капење за сите – за секое тело, за секоја возраст, за секој тип убавина”.

Полничката убавица позираше за првпат за предметното списание минатата година, станувајќи првиот модел со XXL големина и сесија во Sports Illustrated.

Откако позираше за престижниот каталог, кариерата на Греам расцути и таа стана доста баран модел во светот, иако нема идеални пропорции.

Сликите на Ешли се снимени од фотографот Ји Тсај кој редовно прави фотосесии за најголемите модни списанија.

Самиот фотограф сподели за Греам дека таа е еден од моделите со кои работел, кој се чувствува најдобро во своето тело и дека според него таа е олицетворение на различноста и промена во модната индустрија.

На корица на овогодинешниот каталог на Sports Illustrated е 24-годишната Кејт Аптон. Во изданието позираат уште тенис ѕвездата Серена Вилијамс, 63-годишниот модел Кристи Бринкли и др.

Видете ги сликите на Ешли во галеријата.