(ГАЛЕРИЈА) Фантастичниот пентхаус на Александар Меквин

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Пентхаусот на покојниот дизајнер Александар Меквин, кој некогаш беше сопственост на комичарот П. Г. Удхаус, е прогласен во продажба за сума од 8,5 милиони британски фунти.863c96735ff25bae2e2d86e408556b5f

Имотот се наоѓа во Мејфер во Лондон, во зграда, изградена во 1897 година. Станот располага и со спектакуларна градина на покривот.

Раскошното и величествено живеалиште има драматичен ентериер, карактеристичен за вкусот и стилот на модниот дизајнер.

Одличниот пентхаус е исполнет со огледала, фотографии, мермер, паркет од орев, а од таванот му висат кристални лустери. Спектакуларниот пентхаус е реновиран  16 месеци, по смртта на дизајнерот во 2010 година.

Денес тој е опремен со луксузен мебел во бела, сребрена и црна и во целина е решен во стил артдеко кој го инспирираше и Меквин за креациите на модна писта.

Александар го купува имотот за 2,5 милиони фунти, но живее во него само една година пред да се самоубие на 40-годишна возраст.

Во почетокот на 21 век, Меквин беше сметан за најталентираниот дизајнер на својата генерација.

Видете ги

фотографиите на прекрасниот пентхаус во галеријата.