(ГАЛЕРИЈА) Фасцинантната убавина на пегите

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Многу луѓе кои имаат пеги по кожата, се обидуваат да ги прикријат. Пегите всушност се карактеристичен белег на убавина , на различност, на посебен идентитет.
Тие не се знак, кој треба да се скрие и од кој треба да се срамиш. Тие се нешто со кое треба да се гордеете, бидејќи ѝ даваат на аурата особена важност.

Boredpanda.com го слави триумфот на пегите со специјална колекција на различни автори фотографи, кои ја уловиле со објективите таа нежност.

Пегите се толку многу и толку различни , дека нема како да бидат опишани. Тие се специфична кожна манифестација, која се должи на наслаги на меланин на одредени места по кожата .

Овие интересни формации на кожата не се забележани само кај црвенокосите луѓе, иако главно кај нив се забележува и пигментација на кожата. Пеги можат да имаат и руси, и црнокоси луѓе и во тоа е нивниот шарм!

Уште фотографии на убави луѓе со пеги видете во галеријата тука.