(ГАЛЕРИЈА) Хајди Клум: Имам стрии по стомакот, но си го сакам своето тело

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Хајди Клум е еден од најпознатите супермодели во светот. Овој месец таа објаснува во новиот број на списанието Shape како продолжува да ја одржува совршената форма, иако родила 4 деца и веќе е на 43 години.df9c19231081b27d28190cd14c4cffc2

Ексмоделот на Victoria’s Secret има четворица наследници од бракот со пејачот Сил, а од три години излегува со 14 години помлад маж, но изгледа неверојатно среќна.

Манекенката вели дека го сака своето тело и се гордее со него, бидејќи работи многу за тоа таа да е таква какво што е.

“Имам стрии на стомакот и сум доела четири деца, но ги прифаќам промените во својата фигура. И покрај бурната и зафатена програма се трудам да бидам активна и да спортувам секој ден. Ако не успеам со рутинските вежби во спортската сала, гледам да вметнам активности како прошетка со велосипед, пешачење со кучињата, скокање на бранови “, открива Хајди.

Клум открива и како си го избира совршениот костим за капење: “Идеален костим за капење е оној во кој си се допаѓам најмногу во моментот. Тоа е тајната. Човек мора да се чувствува убав и среќен во него. ”

За да ги видите фотографиите на Хајди, посетете ја галеријата.