Бремената поп ѕвезда Пинк и нејзиниот сопруг – пензионираниот натпреварувач во мотокрос Кери Харт, одлучија да го продадат својот прекрасен дом во Малибу за сума од речиси 14 милиони американски долари.
На почетокот на следната година пејачката и нејзиниот маж треба да се здобијат со второ дете.
Веројатно Пинк и Кери сакаат да најдат простран дом во кој ќе живеат со новиот мал член на семејството.
Инаку досегашната куќа е изградена на терен од 1,2 хектари и се наоѓа во комплекс од затворен тип, а може да се пофали и со приватна плажа.
Внатрешноста на куќата на добитничката на “Греми” е инспирирана од Бали – со многу прозорци, зеленило, дрвени елементи и сл.
Куќата е со широка површина од 680 квадратни метри има шест спални, осум бањи и гаража за пет возила.
Највпечатливо нешто во овој имот е восхитувачкиот терасиран двор, со камен трем, голем базен и спа зона.
Пинк и Кери го купуваат имотот пред пет години за 11 милиони долари. Соседот е холивудската ѕвезда Метју Макконахи, кој е сопственик на соседната куќа.
Видете го домот на пејачката во галеријата.