(ГАЛЕРИЈА) Ја препознавате куќата на Хари Потер?

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Претпоставуваме дека се сеќавате на господин и госпоѓа Дарзли- Вернон и Петунија. Сигурно веќе е пред вашите очи и сликата на буцкото од синче Дадли, кој секогаш јадеше.45083a10dda39591f5f7a53817416323

Семејство Дарзли, како што наредува делото на Џ. К. Роулинг, живее на улица “Прајвет драјв”. А таму под скалите живееше еден мал волшебник. Тоа се разбира е Хари, кој од мал е засолнет во двокатната куќарка.

Надвор од уметничката фикција, куќата од “Хари Потер и Каменот на мудроста” беше прогласена за продажба. Декорот сепак го изгубил својот автентичен ентериер кој го познаваме од познатата кинопродукцика. Само фасадата и дворот навестуваат за изнудените решетки со летачкиот автомобил и сцената со надуваната тетка Марџ, која несреќно полета во нејасна насока.

Домот на Хари е преобразен. Дизајнерите ги симнале тапетите со беж-крем ленти кои ја красеа дневната соба. Изгледот е дефинитивно помалку депресивен, откако тетка Петунија не е на чело како декоратор. Ѕидовите сега се модерни, но сè уште го чуваат споменот за еден голем сетот.

Куќата поседува дневна соба и кујна, 3 спални и двор. Цената е 619 илјади долари.

Можете да ја истражите куќата на Потер во нашата галерија.