(ГАЛЕРИЈА) Кајли Џенер: Мислев дека никој нема да ме бакне

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Кајли Џенер сними нова секси фотосесија за списанието Complex. Најмалата сестра од кланот Кардашијан прокоментира зошто се одлучила да се подложи на операција за зголемување на усните на толку рана возраст.67d3b618a53a14dcbd7b2ed4f0998341

Мис Џенер се подложува на операција во 2014 година, кога е само 17-годишна, но тогаш таа негира. Денес мирно ја коментира темата.

Кајли вели дека имала многу ниска самодоверба поради нејзините тенки усни и сметала дека нема да има момче кое ќе да сака да ја бакне.

“Се чувствував многу несигурна во себе. Имав едно момче во средно училиште, кое ми кажа дека се бакнувам многу добро имајќи го предвид фактот дека моите усни се толку тенки. Беше многу груб коментар. Од тој момент натаму едноставно чувствував дека сите момчиња се загледани во моите усни.Имав чувство дека никој нема да сака да ме бакне “, вели ѕвездата.

Жешката бринета открива детали и од врската со 26-годишниот рапер Тајга: “Првата година кога почнавме да излегуваме, сите околу нас сакаа да нè разделат, бидејќи сметаа дека не сме еден за друг. Но, ние навистина се сакаме. Сакаме да сме заедно нон-стоп и никогаш не се караме. ”

Кајли вели дека е пријателка со мајката на синот на Тајга – Блек Чајна која пак во моментов очекува бебе од нејзиниот брат Роберт Кардашијан.

“Никогаш не сум се карала со неа во социјалните медиуми, како што се тврдеше во почетокот. Ние често се слушаме по телефон и се прифаќаме за едно семејство. ”

Видете ги сликите на Кајли за списанието во галеријата.

67d3b618a53a14dcbd7b2ed4f0998341