Животот им е како во бајка. Можат да си дозволат сè што сакаат, а тие дефинитивно сакаат многу.
Родени се буквално со златна лажица во устата и основната задача им е да го покажат и докажат своето богатство.
За животот на богатите деца на Русија може да се зборува многу, но најдобро е да се покаже. Нешто што тие го умеат многу добро, бидејќи и меѓу нив има конкуренција, но на едно сосема друго ниво.
За нив е важно кој има нов автомобил, поскапа облека поубав имот и дури и забранетото е дозволено.
Можеме лесно да ја откриеме самоиронијата во насловите на кадрите како: “Кога цилиндрите на автомобилот се толку, колку и твоите години” или “го избирам својот автомобилот според бојата на мојата облека за денот”.
Интересен факт е дека за богатите деца социјалните мрежи се средство и инструмент да докажат материјална супериорност.
Што имаат да покажат? Видете сами во една благо речено извонредна галерија, која открива еден редок, но дефинитивно поубав живот.
Од денес стартува редовно нашата нова рубрика “Како живеат: Богатите деца”, во која ќе ви го откриваме луксузниот начин на живот на богатите наследници од секоја точка на светот.