Сибирското село Ојламон се смета за најстуденото место во светот. Таму температурите во зима се екстремно ниски, но ова не го спречува локалното население да живее во зафрленото село. Оваа година, термометарот на метеоролошката станица “Пол на ладно” објави -62 Целзиусови степени, потоа не ги издржа ниските температури и се скрши. Студот е толку груб што дури се изедначува со удари со камшик, ги замрзнува влакната и предизвикува солзи.