Кендал Џенер личеше повеќе од среќна што учествува во емисијата TRL(Total Registration Live), за да ги охрабри младите луѓе да гласаат.
20-годишната манекенка го покажа нејзиниот рамен стомак кога се појави на “Times Square” во Њујорк за да го рашири гласот за “National Voter Registration Day”.
Кендал се погрижи сите да ја забележат покажувајќи ги нејзините стомачни мускули облечена во краток црно-бел топ со долги ракави.
Меѓутоа, во случај ако самото нејзино присуство не е доволно за привлекување на внимание, таа го направи тоа со постирање слика на snapchat на која се гледа дел од нејзините гради.
Моделот исто така носеше ѕвончести фармерки, искинати на колената и пар црни чизми до глужд со високи потпетици.
Ѕвездата од реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians” беше опколена со тинејџери кои беа очајни да направат селфи со нивниот идол.