Во новата фотосесија за списанието “W Magazine”, изгледа како Кендал Џенер и Џиџи Адид да немаат колена.

Необичните слики кои се дел од 10 годишнината за уметноста на списанието, ја прикажуваат Кендал како држи мало кученце во рацете, а Џиџи и нуди пијалок, додека во позадина едно пиле ѕирка од шаторот и еден напуштен дрон лежи на земја, што е веќе доволно нереална ситуација дури и без проблемот со екстремитетите.
Едната нога на двете девојки им изгледа непроменета, додека другата им изгледа многу чудно, како гумена нога од барбика, без колено.

Ова веднаш беше забележано од корисниците на социјалните медиуми, но не е јасно дали е намерно или грешка при уредување на фотографиите. Уметниците Лизи Фич и Рајан Трекартин стојат позади овој проект и соработуваа со моделите во серија елаборативни фотографии и видеа.

Во бизарната фотосесија Кендал Џенер и Џиџи Адид се претставени како пријателски хуманизирани домашни миленици.