
Стилистот Крис Еплтон и ја бојадиса косата на Ким Кардашиан во сина и ги пушти резултатите на Instagram. На сликата Ким позира во светлосина јакна и сиви панталони.
37-годишната Кардашиан често го привлекува вниманието на публиката со неверојатни тоалети и современи имитации. Во септември оваа година таа исто така кардинално ја промени бојата на косата.
“Јас мечтаев да станам блондинка. Знам дека многу луѓе се сигурни дека тоа едноставно е нова перика, но тоа не е вистина, тоа е моја вистинска коса!”, рече Ким.
Можеби со промените во надворешноста Ким ги компензира проблемите во семејството. Според таблоидот Ace Showbiz, Кардашиан и нејзниот сопруг Кание Вест не можат да најдат заеднички јазик и близу се до развод.
Ким и Кание го очекуваат раѓањето на нивното третото дете, кое го носи сурогат мајка, што ќе се роди во јануари 2018 година. Впрочем малку е веројатно дека појавата на бебето ќе го спаси бракот на двојката. Според локалните медиуми Ким тврдо одлучила да го напушти својот сопруг и тоа по раѓањето на нејзиното девојче, а потоа да побара развод.