Повеќе пати сме ви покажувале убави природни знаменитости од Исланд. Извонредната природа на оваа изолирана земја ја прави атракција за многу ентузијасти кои сакаат да ги запознаат убавините на светот.
Токму во Исланд можат да се видат импресивни остатоци од вулкан, чија форма наликува на гигантски диносауруси. Зборувајќи за вулкани,кратерското езеро Керид (познато уште како Kerio) е друга природна знаменитост, со која Исланд се гордее. Таа се наоѓа во јужниот дел на земјата и е еден од најпознатите фотографирани вулкански кратери во светот.
Керид е и редовна станица за туристите по маршрутата на Златниот круг. Кратерот е формиран по ерупција на вулкан пред околу 3000 години, а во реонот околу него има уште неколку слични природни формации. Неслучајно областа се нарекува Западна вулканска зона.
Слично на другите вулкански карпи, оние на Калдера имаат светло црвен нијанса. Дел од ѕидовите пак се покриени со мов, кој го обојува кратерот во зелено. Нивото на езерото е релативно ниско – околу 10 метри, но водата е матна.
Влезете во галеријата и проверете една од гордостите на Исланд – кратерското езеро Керид.
Фото: panoramio.com