(ГАЛЕРИЈА) Кубер Педи -градот под земјата

од Vladimir Zorba
506 прегледи

Ако се прашувате какво би било чувството да живеете под земја, тогаш треба да прелетате илјадници километри и да го посетите малиот австралиски град Кубер Педи . Тој се наоѓа во северниот дел на Јужна Австралија и е оддалечен на 850 километри од Аделаида .4765dd24b920c594ad7c8c836ff70233

На прв поглед местото изгледа многу пусто.Врз бесконечната рамнина се наоѓаат само неколку куќи, ресторан, полициска станица, училиште и болница.

Сепак, ова е само половина од целиот град. Другата половина се наоѓа под земја во пространи пештери и тунели, наречени “ветерани”. Во споменатите ветерани се изградени многу станови, хотели, ресторани, барови, вклучувајќи и цркви.

Кубер Педи е изграден во 1915 година, откако 14-годишно момче случајно открива опал во областа. Во рок од неколку години стотици луѓе се собираат во местото. Наскоро сепак тие откриваат дека животот над земјата е тежок, бидејќи во текот на летото температурата често надминува 40 степени, а влажноста ретко доаѓа до 20%.

Затоа жителите на гратчето решаваат да живеат под земја . Првите куќи се изградени во дупките кои веќе биле ископани во процесот на пребарување на опал. Модерните домови пак ги имаат сите погодности кои може да се најдат во секоја “нормална” куќа. Влезовите им се обично на нивото на улицата.

Фото: flickr.com

Денес Кубер Педи е водечки снабдувач на опал, а исто така и производител на поголемиот дел на бел опал на светски план. Во градот има над 70 полиња со опал, како и најголемото поле за опал во светот.

Влезете во галеријата и проверете фотографии од необичниот град под земја во Австралија.