(ГАЛЕРИЈА) Куќа на дрво во урбаната џунгла

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Ако сакате буквално да спиете меѓу урбаната џунгла, можете тоа да го направите во најновиот и атипичeн хотел во Лондон.677f505e185cc8c218182fbd458cf6cd

Тој претставува луксузна куќичка на дрво, која располага со две спални, самостојна тераса и личен готвач. Таа се наоѓа во центарот на британската престолнина пред “Southbank”.

Таа била изградена од страна на компанијата “Вирџин” и е апсолутна имитација на куќичка во комплексот “Lion Sands Game Reserve” во Јужна Африка.

Среќните кои престојуваат во модерниот, ексцентриченн хотел, ќе можат да уживаат во поглед на Темза и црквата Сент Пол.

Покрај тоа, тие ќе бидат нагостени со 5-брзинско гурманско мени кое вклучува јадења како јајце од ној, пржено месо од крокодил, салата од лимонска трева и др.

Видете повеќе слики на атипичниот лондонски хотел во галеријата.d3c4de61479cf1fd688021d576d2137d 5a597aae6912ca0c133acf194477f1eb 99373545120a15fb0a59465e840319e9 5556a567885e15f3e61606d7533f0de1 09cae1ce9b94475053172e4c4471cc40 8b59b87553adb02a1e36b36ee81fff4e 42a598bddb846215353a3f7179559579 fb944f7cbcb8305ca2202c7ceadf3655 515fd0cc1b40ab9a3b4f3fac10d30f01 d1c6930b83c753f6733b4e3702eaf082