Во 2011 година Фостер Хантингтон прави нешто за што многу луѓе само сонуваат.Тој ја напушта својата работа, купува комбе и решава да избега од урбаната џунгла на Њујорк. Долго време тој ги обиколува САД, па објавува бројни фотографски книги, вклучувајќи и една насловена “Домот е таму каде што паркирам” .
По три години номадски авантури 27-годишниот фотограф решава конечно да се утврди некаде. Затоа тој и група негови пријатели се здружуваат за да изградат куќа на дрво во западен Вашингтон, во близина на границата со Орегон.
Фостер го избрал местото, бидејќи е во близина на Портланд, но сè уште меѓу природата и на оддалеченост од градот.“Секогаш сум ги сакал куќите на дрво. Па мислев дека е време да си направам една. Имав желба да направам место каде моите пријатели би сакале да дојдат “ , објаснува идејата за куќа од бајките фотографот.
По една година проектот се претворил во реалност. Всушност домот се состои од две одделни куќи , а секоја од нив е со големина од околу 20 квадратни метри. Едната се користи за работилница, додека другата е претворена во мал дом. Меѓусебно тие се поврзани со речиси 8-метарски мост.
Во нашата галерија може да видите како изгледа остварувањето на еден детски сон или кажано со други зборови – Куќата на дрво од бајките.
Фото: Foster Huntington