(ГАЛЕРИЈА) Лаис Рибеиро ќе го носи најскапиот градник вреден 2 милиони долари на овогодишната ревија на Викторија сикрет

од desk4
111 прегледи

Минатата година, за време на ревијата на Викторија сикрет во Париз, Јасмин Тукс ја доби честа да го носи најскапиот градник вреден милиони, а оваа година таа чест ја има Лаисе Рибеиро

Убавицата беше избрана да го носи т.н. Fantasy Bra, која е кулминација на секоја од ревиите на брендот.

Скапоцениот градник, кој оваа година се нарекува „Champagne Nights, беше создаден од либанската златара Муваад.

Тој е оценет на 2 милиони долари. Градникот – производот е покриен со позлатени лисја, сафири, топаз и дијаманти, вкупно во вредност од 600 карати и 6.000 скапоцени камења.

За него биле потребни 350 часа работа, а накитот и градникот биле изработени рачно. Официјално градникот ќе го видиме на 28 ноември.

Лаисе Рибеиро очигледно е исклучително среќна што таа е избрана да го носи најскапиот градник на Викторија Сикрет, а одлуката за нејзиниот избор го сподели на нејзиниот профил на Instagram.

Сите фотографии од Лаис Рибеиро со градникот вреден 2 милиони долари може да се видат во галеријата.