(ГАЛЕРИЈА) Лили Роуз Деп ги предводеше ѕвездите на спектакуларната ревија на “Chanel”

од desk2
137 прегледи

Секогаш прекрасната, модна ревија на “Chanel” е спектакуларно финале на водечките светски модни недели. Па така ѕвездите, на чело со Лили Роуз Деп, излегоа да присуствуваат на презентацијата на најновата колекција во “Grand Palais” во Париз. 3915cb8800000578-3821162-image-a-62_1475573521021

17-годишната супер ѕвезда беше облечена во, типично стилски и неверојатно шик, едноделен костим.3916220a00000578-3821162-image-a-170_1475578171873

Лили Роуз, која е ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради, стана модна муза и едно од водечките лица во светот на модата и филмот. Минатата година таа излезе од сенката на нејзините познати родители појавувајќи се во филмовите “Yoga Hosers” и “Planetarium” како една од главните улоги.3915c07a00000578-3821162-image-a-77_1475574670965

Помеѓу славните личности кои присуствуваа на шоуто беа и Кортни Лав со ќерка и Францис Бин Кобејн(ќерката на Курт Кобејн), Карла Бруни Саркози(жената на поранешниот француски претседател Никола Саркози), Ана Винтур(главниот уредник на “Vogue”), пејчот Ашер и други.3916360600000578-3821162-image-a-163_1475578022932

Секоја сезона, “Chanel” создава спектакуларно шоу со некоја необична тема. Овогодишната ревија беше целосно центрирана околу електроника и податоци. Некои од претходните теми беа аеродром и супермаркет.