Од крајот на март до средината на мај карпестиот планински пејзаж на Џебел Акдар (во превод “Зелената планина”) во Оман се трансформира во нежен “тепих” од рози.
Во тоа време на годината е сезона на розата , па затоа многу хотели во арапската земја нудат тематски одмор токму тогаш.
Неверојатното луксузно доживување го нуди и Chedi Muscat. Во текот на сезоната на розата гостите на хотелот можат да уживаат во спа центарот и да пробаат различни терапии за користење на лековитите својства на розовата вода .
Специјалната мароканска терапија, третман на телото, лицето и дури косата, ветува кадифена кожа само за 120 минути.
Посетителите на Оманскиот хотел можат да уживаат и во барови и ресторани , во кои се служат примамливите десерти со вкус на меден мус, лешник и зашеќерена роза.Во текот на сезоната на розата гостите на Chedi Muscat можат да се запознаат одблизу и со расцутените рози на Џебел Акдар. Со помош на специјална тура тие имаат можност да разгледаат различни места, вклучувајќи и традиционално село.
Погледнете ја нашата галерија и проверете што претставува едно луксузно бегство во Оман.







