Раѓањето е неверојатен дел од животот за кој треба повеќе да се зборува и прославува.
Во овој поглед, постои натпревар кој ги собира најдобрите рожбени фотографии – Birth Becomes Her 2018.
Ги поттикнува луѓето да споделуваат импресивни фотографии направени додека мајките го доживуваат ова неверојатно искуство.
Повеќе од 1.000 апликации се примени од целиот свет и фотографиите се поделени во 5 категории: мајчинство, моменти пред раѓање, раѓање, новороденче и доење.
Победниците се избрани од меѓународно жири, а фановите на импресивната фотографија можат да го изразат своето мислење со гласање за фотографиите што ги сакаат најмногу.
Ова ќе одреди кој ќе ја освои наградата на публиката.
Дел од неверојатни фотографии можете да ги видите во нашата галерија.