(ГАЛЕРИЈА) Маж потроши 250 илјади долари за да стане кукла Кен

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Стандардите за убавина се прилично збунувачко нешто за некои луѓе. За жените е голем и секојдневен предизвик да го постигнат најубавиот изглед во животот, но и многу мажи не им остануваат должни.728c7e5e38424a6544cc3b97ce33e2f0

Пред неколку години во светот се појави маж по име Џастин Џедлика, кој стана познат како човекот-кукла Кен. Тој претрпе повеќе од 190 операции за да се претвори во живиот маж на куклата Барби.

По него уште две лица се осмелија да го следат бизарниот пример и да потрошат илјадници долари за да се трансформира нивниот изглед во пластично совршенство.

Ви го претставуваме вториот од нив – Родриго Алвес, кој потрошил најмногу пари во остварувањето на својата мисија.

Родриго е Бразилец, но живее во Лондон.Тој  подлегнал на околу 30 хируршки интервенции и пластични и естетски процедури (Опериран е носот неколку пати, оперирани се непцата за широка насмевка, ставен е ботокс и филтри во лицето, има импланти во торзото, си правел голем број липосукции и т. н.) со цел да се постигне изгледот на кукла.

Денес г-дин Алвес речиси не личи на човечко суштество, но е многу горд на овој факт. Всушност тоа е и смислата на неговиот живот, на што тој се посветил во последните пет години.

Почнал да се менува на 27 години, а денес има 31. Повеќето од операциите се извршени во Колумбија, бидејќи лекарите во Велика Британија го одбиваат, бидејќи тој почнал да станува зависник од интервенциите.

На првата операција подложува во 2004 година, за да се вклопи во општеството на модерните колеги студенти во Лондон. Тогаш тој тврди дека бил “длабоко незадоволен од својот изглед”.

Тој неодамна го изјави за весникот Daily Mail следното: “Јас сум многу повеќе од силикон и козметичка хирургија. Вистината е дека кога човек ќе започне, му е многу тешко да се запре.Јас доста напорно работам на себе, најмногу затоа ми е страв дека стареам – тоа е вистината. За мене убавината се крие во симетријата. ”