Супермоделот Миранда Кер позираше во новиот број на магазинот Harper’s Bazaar, САД во својот дом во Малибу.
33-годишната убавица е фотографирана од Даглас Фридман, како позира во костими за капење и прекрасни фустани на марките Hermes, Carolina Herrera и La Perla.
Зборувајќи за својата одлука да се пресели од Њујорк во Калифорнија, таа вели: “Со Орландо живеевме во Њујорк и навистина го сакам овој град, но почнавме да размислуваме каде е најсоодветно место за живот за нашиот син Флин. Сметавме дека во сончевата Калифорнија тој ќе може да си игра на плажа. ”
Миранда купува оваа куќа за 2 милиони долари во 2014-та, малку по разделбата со својот веќе екс сопруг Орландо Блум.
Таа се сеќава како го избрала домот: “Знаев дека оваа куќа ќе е моја уште на прв поглед. Таа имаше потреба од сериозна поправка, но пак располагаше со прекрасен поглед.”
Имотот располага со четири спални, три бањи, базен, водопад, куќа за гости, соба за медитација, сауна и мало езерце.
Кер ја покажувала својата куќа и во списанието Vogue, а сè уште не се знае колку долго таа таму ќе живее.
Неодамна Австралијката доби свршенички прстен од извршниот директор на Snapchat Иван Шпигел, кој пак минатиот месец купи огромен имот во Лос Анџелес, каде што се смета дека ќе биде семејниот дом на идните венчани.
Бринетата вели дека токму Иван има инсталирано во сегашната нејзина куќа модерен еко систем кој ја влече влагата од воздухот и ја користи за туширање, за мијалниците и за езерото.
Видете ги сликите на куќата на Миранда во галеријата.