Лондон е доста атрактивно место, за оние кои сакаат да ја посетат Британија.Сепак космополитскиот град нуди разновидни активности и многу атракции, благодарение на кои на ниту еден човек не би можело да му биде досадно за време на неговиот престој таму.
Некои луѓе патуваат до Лондон и поради работни обврски. Какви и да се вашите побуди, ако ви се случува да поминете некое време во англиската престолнина, добро е да знаете дека таму се отворени вратите н реновиран луксузен хотел.
St. Martins Lane става акцент на удобноста и едноставноста во своите 204 соби за гости, кои неодамна беа реновирани.
Новиот ресторан на хотелот Asia de Cuba исто така е меѓу гордоста на хотелот, а негов главен готвач е родениот во Куба – Луис. Лондонскиот хотел располага и со ноќен бар наречен Blind Spot.
Собите во лондонскиот St. Martins Lane се потпираат на концептот “удобност и функционалност”. Искуството на дизајнерот Тим Андреас со минимализмот се гледа во внатрешноста , која импресионира со јасни линии и удобност истовремено.






