(ГАЛЕРИЈА) Модна недела во Њујорк со Александар Ванг

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Неделата на модата во Њујорк започна повеќе од ветувачки. Покрај трепетното очекување за најновите трендови за пролет-лето 2017, дизајнерите ни приредија куп изненадувања.a23df09a297ea9b7fc966aa7e86646dc

Олицетворение на доказот дека почетокот е исто толку важен како и крајот, е дизајнерот Александер Ванг.

Истоимената модна куќа ги претстави своите предлози за претстојната сезона, но тоа ни од далеку не беше најголемата вест.

Колекцијата на дизајнерот за пролет 2017 се карактеризира со деконструирањее на класичните компоненти од женскиот гардеробер. Манжетни до дното, карирани панталони и тантела се покажуваа под широки палта.

Бикини и горни делови изработени од фини ткаенини и свила, комбинирани со будоарни папучи во неонска боја. Нема особено радикални предлози, но се пренесува идејата за претворање на сите жени … во подрски нивни варијанти.

А крајот … Крајот беше прогласување на капсулната колекција на Alexander Wang со Adidas Originals, која можете детално да ја разгледате кај нас.

Повеќе од тоа што се содржеше во колекцијата за пролет-лето 2017 на Alexander Wang – во нашата галерија.